Иако Маурицио Сари бараше да му го донесат Игуаин во Челси, токму тој сега сака да го продаде од Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, после заедничката епизода во Челси, Сари го презема Јувентус, а Игуаин таму се врати од позајмица.
Сепак, Сари одлучи дека Аргентинецот не му е потребен во новата сезона и може да бара нов клуб.
Прва се јави Рома, која сака да го донесе Игуаин, бидејќи Един Џеко е на пат кон Интер, а Игуаин го гледаат како негова замена.
Сепак, сега се појави уште еден клуб кој сака да го донесе Аргентинецот. Доколку Јуве ја прифати понудата, и самот играч сака да се врати во Англија, тимот кој го посакува е Вест Хем.
Како што јавуваат медиумите во Италија, представници на англискиот клуб веќе ги контактирале луѓето кои се грижат за кариерата на Аргентинецот.
Наводно пристигнал и одговор, а тоа е дека Јувентус бара 40 милиони евра за напаѓачот.