Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски повика осум младинци за Шпанија

Ангеловски повика осум младинци за Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство против Шпанија во Гранада, што ќе се одигра на 12-ти ноември.


Битка за Британија, Иран на САД - 10 ден ↓↓↓



Селекторот Ангеловски повика 21 фудбалер за натпреварот против Шпанија, а осуммина од нив се членови на младата репрезентација која избори пласман на Европското првенство.

Најголеми промени има на голманската позиција, каде за место на голот ќе конкурираат Алексовски, Димитриевски и Гачевски.

Во нападот, покрај стандардната тројка Пандев, Нестороски, Ибраими, е придодаден и Кире Маркоски, а на списокот ги нема Адис Јаховиќ и Иван Тричкоски.

„На списокот има осуммина од младата репрезентација до 21 година вклучувајќи го и Ѓорѓев. Тоа е дел од целите што беа најавени, да се создаде млад и компактен тим, спој на младост и искуство. Може да кажам дека најдобрите од овој список ќе бидат стартери. Нема веќе млади и стари, ова е А репрезентација во која се одбрани најдобрите со кои располагаме во моментов“, истакна Ангеловски.

03-11mkd2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пелистер викендов ја пушта новата трибина: Вардар побара да има гостински навивачи

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Општина Битола д…