Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски го соопшти списокот: Да продолжиме каде што застанавме!

Ангеловски го соопшти списокот: Да продолжиме каде што застанавме!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за мечевите против Лихтенштајн и Ерменија во Лигата на нации.

Селекторот Ангеловски изјави дека секогаш бара од играчите да го дадат максимумот но и дека најважен од се е резултатот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња. На позицијата трет голман се враќа Шишковски на позицијата трет голман, Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ориентирани сме на првата средба. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме кадешто застанавме. Очекувам да го добиеме Лихтенштајн, со допадлива игра да запишеме нови три бода“, изјави Ангеловски.

Средбата со Лихтенштајн се игра на 13-ти Октомври на Филип Втори додека 3 дена подоцна е гостувањето во Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…