Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека во клубот почнува нова ера со заминувањето на ѕвездата на тимот Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Ова е нова ера. Ја имам целата почит кон Меси, Нејмар, Килијан. Знам што направија за клубот. За нас беше важно да ги имаме во тимот. Им посакувам сѐ најдобро во новите предизвици, но ѕвездата кај нас отсега ќе биде тимот“, изјави претседателот на ПСЖ.
ПСЖ минатото лето се ослободи од Меси и Нејмар, а ова лето Мбапе замина како слободен агент, иако клубот направи се за да го убеди да остане во Париз.