Дома Фудбал Арсенал договори засилување за кое ќе плати 40 милиони евра!

Арсенал договори засилување за кое ќе плати 40 милиони евра!

Екипата на Арсенал, актуелен шампион во Англија, успеа да го реализира првото големо засилување за ова лето, обезбедувајќи договор со 24-годишниот играч Христос Цолис.

Цолис е грчки фудбалер кој игра како лево крило, но исто така може успешно да игра на десната страна како и во нападот, а Арсенал денеска постигна договор за негово приведување од белгискиот Клуб Бриж.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Цолис последните две години ги помина во Бриж, каде беше еден од клучните играчи. За белгискиот клуб тој забележа 108 настапи, постигна 43 гола и имаше 45 асистенции.

Решавањето на позицијата лево крило беше приоритет за менаџерот на Арсенал, Микел Артета, посебно откако клубот вчера постигна договор за трансферот на Леандро Тросард во турскиот Бешикташ.

Сега, со Цолис како ново дополнување на лево крило, управата на клубот ќе се фокусира на зајакнување на средината од теренот. Можностите се Бруно Гимараеш од Њукасл и Морган Роџерс од Астон Вила.

Вреди да се спомене дека Арсенал претходно го донесе голманот Илан Меслиер од Лидс, кој ќе биде замена за првиот голман Давид Раја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Арсенал: Салиба мора да оди на операција

Вилијам Салиба претрпе сериозна повреда на грбот, што го примора да ја напушти играта во 2…