Дома Фудбал Паѓа важен потпис, навивачите на Ливерпул добија одлични вести!

Паѓа важен потпис, навивачите на Ливерпул добија одлични вести!

Средниот играч на Ливерпул, Доминик Собослаи, е на само чекор од потпишување на нов долгорочен договор со англискиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на познатиот новинар Џејмс Пирс, постигнат е начелен договор меѓу унгарскиот репрезентативец и Ливерпул за продолжување на соработката.

Останува да се завршат конечните детали, по што новиот договор ќе биде официјално потпишан.

На Енфилд се изразено задоволни со играта на 24-годишниот среден играч, кој од доаѓањето од РБ Лајпциг се наметна како важен дел од тимот.

Собослаи со својот квалитет, енергија и лидерски способности брзо ја стекна довербата на стручниот штаб, и исто така ги освои симпатиите на навивачите на Ливерпул.

Продолжувањето на договорот е уште еден сигнал дека клубот има намера да гради долгорочен тим околу играчи кои имаат потенцијал да бидат носители на играта во наредните сезони.

Унгарскиот репрезентативец досега покажа дека може да ги исполни барањата на играњето во Премиер лигата, со што значајно придонесе за резултатите на екипата.

Се очекува Ливерпул наскоро да го потврди продолжувањето на соработката, со што ќе ги отстрани сите можни шпекулации за иднината на еден од своите клучни фудбалери.

Новиот договор треба дополнително да ја зацврсти позицијата на Собослаи во клубот и да потврди дека раководството на Ливерпул смета на него како на еден од најважните играчи во годините што доаѓаат.

Официјалната потврда за потпишувањето се очекува во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Арсенал: Салиба мора да оди на операција

Вилијам Салиба претрпе сериозна повреда на грбот, што го примора да ја напушти играта во 2…