Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на многу европски клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алонсо се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.
Веќе сега е јасно дека пред Шпанецот е блескава тренерска кариера и е голема желба на Флорентино Перез, кој во него гледа наследник на Анчелоти.
Алонсо е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, но има еден услов – сака со себе да ја донесе ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Виртц, чија цена изнесува 100 милиони евра.