Дома Останати Авто Мото Алонсо ги шокира фановите: Моето време помина!

Алонсо ги шокира фановите: Моето време помина!

Возачот на Мекларен, Фернадо Алонсо, нема повеќе нерви да се бори со проблемите со кои се соочува тимот. Во разговор за медиумите рече дека нема трпение да ги дочека подобрите денови на Мекларен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Можеби сум на крајот на својата кариера во Формула 1. Имам 35 години, освоив 16 трофеи и на мојата кариера и се ближи крајот. Колку сум уште подготвен да чекам? Сигурно не уште многу“, изјави Алонсо.

Мекларен сака Шпанецот да остане во тимот и во 2018 година, додека Алонсо бара гаранции дека тимот ќе стане конкурентен.

„Не губам надеж дека ќе победувам, ќе освојам титула, но повеќе не можам. Треба да знам какви се нашите можности за да ја продолжам соработката“, додаде двократниот светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…