Дома Македонски спорт Алиоски и Барди стануваат соиграчи?

Алиоски и Барди стануваат соиграчи?

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски ја заврши својата епизода во Фенербахче, но би можел и понатаму да остане во турскиот фудбал.

Алиоски помина една година во Фенербахче, а според последните најави сега би можел да го облече дресот на Трабзонспор каде што настапува Енис Барди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Блиску до трансфер во Трабзон, Алиоски беше и пред две години, но тогаш двете страни не се договорија. Ако сега се пресели, Алиоски би бил соиграч со Барди кој според последните најави нема да си замине.

Последниот збор околу евентуален трансфер на Алиоски треба да го даде тренерот Бјлеица, па ќе видиме во наредниот период што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…