Дома Македонски спорт Алиоски: Вечно ќе се памети како малата Македонија ја победи Германија!

Алиоски: Вечно ќе се памети како малата Македонија ја победи Германија!

Победата на Македонија во Дуизбург долго ќе се памети и ќе се раскажува, нашата селекција на гости го совлада четирикратниот светски шампион со 1:2.

Еден од нашите најважни играчи во репрезентацијата е Езгјан Алиоски од Лидс.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„На натпреварот во Германија отпатувавме со многу желба, сите сакавме да покажеме што знаеме. Одигравме одлично тактички и ова беше победа која долго ќе се памети. Ниту една балканска земја не ја победила Германија, а малата Македонија успеа во тоа. Мора да уживаме во овој триумф, верувам дека вечно ќе се памети“.
Алиоски истакна во што е најголемиот квалитет на нашата репрезентација.

„Имаме многу квалитет и таленти, стартните 11 играат во странство и тоа сигурно дека многу ни помага. Имаме самодоверба, веќе пет-шест години сме заедно. Сите сме повеќе од колеги и соиграчи, пријатели сме едни со други и имаме една обединета група“.

Европското првенство со нетрпение го очекува.

„Рано е да се зборува, а кога ќе дојде знам дека ќе бидеме полни со емоции, дури и за еден Пандев кој ја освоил Лигата на шампионитез. Ова е прво Европското првенство и затоа ќе уживаме“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ го избра следниот клуб

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сери…