Дома Останати Кошарка Александар Ашданов нов селектор на женската сениорска репрезентација

Александар Ашданов нов селектор на женската сениорска репрезентација

Актуелниот шеф на стручниот штаб на ЖКК Вардар, и доскорешен асистент-тренер во нашата најдобра селекција, Александар Ашаданов, ќе ја предводи нашата женска сениорска репрезентација во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел.

Ашаданов (32 години), ја добива довербата на стручниот им на нашата федерација да ја предводи најдобрата женска селекција низ натпреварите од групата „А“ во која нè очекуваaт шест натпревари против репрезентациите на Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.

Ашаданов треба да го продолжи континуитетот во работата на нашиот најдобар женски колектив, особено ако се земе в предвид дека во претходниот период тој беше оставен дел од стручниот штаб кој во изминатите квалификации го предводеше Владимир Ѓоровиќ.

Ашаданов важи за еден од најперспективните млади тренери во земјава. Во минатата сезона активно учествуваше во успесите на екипата на Баскет Кам 2011 со која ја освои двојната круна, првенството и Купот на Македонија.

Изборот за селектор е најголемиот предизвик со кој ќе се соочи во кариерата:

„Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки“- вели Ашаданов по именувањето на оваа висока тренерска функција во женскиот репрезентативен сегмент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Поранешниот тренер на Карпош Соколи стана хит со последната изјава – ЈОК! 🎥

Драган Николиќ е познат на македонската кошаркарска јавност од времето кога го водеше тимо…