Дома Фудбал Италија Алегри: Врз Влаховиќ има огромен притисок, морам да го заштитам

Алегри: Врз Влаховиќ има огромен притисок, морам да го заштитам

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека Влаховиќ во Јувентус се соочува со ненормално голем притисок, а тој прави се за да го заштити.

Влаховиќ имаше одличен старт во Јувентус, но потоа против Торино не постигна гол, па дојдоа и првите критики. Српскиот напаѓач утре ќе дебитира со „старата дама“ во Лигата на шампионите во натпреварот на италијанскиот клуб против Виљареал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Натпреварот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната има натпревари кога не можете да создадете многу шанси, но Јувентус одигра добро. Утре Влаховиќ ќе дебитира во Лигата на шампионите и не можеме да го ставиме притисок врз него“.

„Мораме да му дадеме поддршка и да го заштитиме, јас сум човек кој ги штити своите фудбалери“, изјави Алегри.

Јувентус утре ќе се сретне со Виљареал во рамките од најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заработува богатство во Саудиска Арабија, но сака да игра за Англија на СП

Сите беа шокирани кога наместо да игра во Англија, одбра Саудиска Арабија и огромни пари, …