Дома Фудбал Репрезентации Алвес малку избрза и направи смешен потег пред самиот крај на финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Алвес малку избрза и направи смешен потег пред самиот крај на финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил ја освои титулата на Копа Америка откако вчера „Кариоките“ беа подобри од Перу со 3:1.

Бразилците одиграа одличен турнир и на крајот како домаќини се радуваа на трофејот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите на теренот во финалето беше искусниот Дани Алвес кој стигна до својот 40-трофеј во кариерата. Алвес на Копа Америка пропушти само пет минути, а најдобар момент му беше соло продорот против Аргентина во полуфиналето.

Алвес во финалето беше уловен во една интересна ситуација.

Имено, тој поради нешто помисли дека е крај па започна да слави, но набрзо сфати дека работата се уште не е завршена. Погледнете го малиот блам на искусниот Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…