Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез потпиша нов договор со англискиот гигант.
Освојувачот на Мундијалот во Катар веќе докажа дека се работи за голем потенцијал, а подолг период преговараше со клубот за условите од договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според новата соработка тој треба да остане во Сити до 2028 година и тоа е една година повеќе од претходниот. Место досегашните 50.000 фунти неделно, Алварез ќе добива 100.000 фунти.
„Горд сум, ова е посебен момент за мене и моето семејство. Кога клуб како Манчестер Сити има доверба во вас, се чувстуввате одлично. Ова е клуб кој ги поддржува своите играчи и чувствувам голема поддршка од кога сум тука“, изјави Алварез.
2️⃣0️⃣2️⃣8️⃣ pic.twitter.com/nHKRlfEOBo
— Manchester City (@ManCityES) March 16, 2023