Дома Фудбал Англија Акциите на Манчестер Јунајтед вртоглаво пораснаа

Акциите на Манчестер Јунајтед вртоглаво пораснаа


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Акциите на Манчестер Јунајтед пораснаа за цели 17% по веста дека група катарски инвеститори се подготвуваат да поднесат многу сериозна понуда за купување на клубот.

„Дејли Мејл“ утрово ексклузивно откри дека претставници од Катар ќе испратат понуда до Глејзерс во наредните денови и се уверени дека оваа операција ќе успее. Катарците се подготвени да направат сериозни инвестиции во клубот доколку станат сопственици.

Освен тоа, ќе се соочат и со еден многу сериозен проект, реновирање на „Олд Трафорд“ или изградба на нов модерен објект. Групацијата од Катар би му обезбедила и сериозни финансии на Ерик Тен Хаг за следниот летен преоден рок.

Очигледно, сите овие вести многу влијаеа за да се зголеми цената на клубот за речиси една петтина за само неколку часа. Сите потенцијални понуди за „црвените ѓаволи“ се очекува да пристигнат во наредните денови, по што ќе започнат преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бурно било во Рим по дербито: Мурињо и Лотито влегле во дуел!

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Тензично беше вчера во римск…