Сапуницата околу иднината на Килијан Мбапе и понатаму е актуелна.
Засега изгледа дека ќе остане во Пари Сен Жермен уште една сезона, но поврзувањата со Реал Мадрид не престануваат. Договорот на фудбалерот истакува наредната година, а самиот веќе потврди дека нема намера да го продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговата иднина сега се огласи фудбалскиот агент Ајван Ли Ми кој се грижи за кариерата на повеќе европски фудбалери. Според него Мбапе од поодамна требало да има вистински агент, а не неговата мајка.
„Тоа не е нејзина работа, нема способности да се занимава со тоа. Во една прилика сакав да отворам ресторан, но јас не знам да готвам, па ќе беше глупава инвестиција. Едноставно треба да сте свесни и да го знаете она што го работите. Исто така да се грижи за кариерата на нејзиниот син или некои други играчи треба да има посебна лиценца“.
„Убеден сум дека ако Мбапе имаше вистински агент уште пред две години ќе заминеше во Реал Мадрид. Едно е кога преговарате со некој кој ги знае кодексите на оваа работа и некој кој ги познава челниците на најголемите клубови. Мајката на Мбапе не е агент и не знае да се носи со ситуацијата во даден момент. Тој е се уште во Париз, а мене не ми изгледа среќен што е така“, смета фудбалскиот агент.