Дома Топ вести Азар повторно јавно му изрази љубов на Реал Мадрид

Азар повторно јавно му изрази љубов на Реал Мадрид

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар уште еднаш јавно му изрази љубов на Реал Мадрид и не крие дека од дете сонува да игра на „Сантиаго Бернабеу“.

Ова лето после Мундијалот Азар беше силно поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но на крајот остана во Челзи и продолжи со фантастичните партии.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Белгиецот се уште нема ставено потпис на нов договор, а продолжува јавно да ја изразува љубовта кон „кралскиот“ клуб.

„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот, не сакам да лажам, јас од дете сонувам да играм за Реал. Ќе видиме што ќе се случи. Не сакам многу да зборувам за тоа, но наскоро ќе седнеме на маса да разговараме за мојата иднина“, јасен беше Азар.

„Го сакам најдоброто за себе си, но и за клубот, кој ми даде се. Не сакам да кажам дека ќе потпишам нов договор и после да не се случи тоа. Понекогаш размисувам да заминам, но понекогаш сакам да останам“, додаде Белгиецот.

Доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па Челзи ќе биде приморан да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…