Дома Фудбал Азар: Не разговарам со Анчелоти

Азар: Не разговарам со Анчелоти

Азар е најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но и најголемо разочарување за „кралскиот“ клуб.

Белгиецот од моментот кога пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, неговата кариера е во слободен пад. Оваа сезона, последен пат на теренот бил во септември.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


И покрај тоа Азар истакна дека сака да остане во Реал Мадрид, но призна дека не разговара со Анчелоти.

„Ако се прашувам јас, би бил во Реал Мадрид и следната сезона, но никогаш не се знае. Би сакал да останам, отсекогаш сум го велел тоа. Се надевам дека ќе играм и ќе покажам дека се уште можам“, изјави Азар.

„Постои почит меѓу Анчелоти и мене и секогаш ќе има. Мора да почитувате човек како Анчелоти за сето она што го направил во кариерата и она што го претставува во фудбалот. Но, не разговараме“, откри Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседател на турски клуб осомничен за местење натпревари – ќе бидат приведени 17 судии

По откритието минатата недела дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во облож…