Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми ќе слави голем јубилеј против Милан на „Сан Сиро“

Адеми ќе слави голем јубилеј против Милан на „Сан Сиро“

Денес и утре на програмата се натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, во пресметките кои ќе се играат утре Динамо Загреб ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“.

Овој натпревар ќе биде посебен за македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Аријан Адеми за кого дуелот со „росонерите“ ќе биде 100. европски натпревар во дресот на Динамо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првиот европски натпревар за Динамо Адеми го одигра во сезоната 2010/2011, а противник беше Шериф Тираспол во квалификациите за ЛШ. Таа средба заврши без победник 1:1.

Динамо во натпреварот против Милан влегува оптимистички и во добра атмосфера со оглед на победата против Челзи минатото коло на „Максимир“ (1:0). Досега Динамо и Милан одиграле два натпревари и во двата славел италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мислеа дека Родриго воопшто нема да игра, но Алонсо најде уште полош начин да му покаже кој е главен (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја победија Борусија Дортмунд (3:2) и се пласираа во пол…