Аријан Адеми го одбележа синоќешниот меч против Лихтенштајн бидејќи на спектакуларен начин се врати после двегодишната суспензија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По две години Адеми се врати на теренот и првиот професионален меч го одигра за македонската репрезентација. Притоа постигна прекрасен гол само пет минути после влегувањето на терен.
„Ова го поднесов премногу емотивно, не знам како да ја опишам целава оваа ситуација, се уште сум под емоции, морам да се заблагодарам на селекторот и соиграчите во репрезентацијата, за шансата која ми беше укажана. Мислам дека имаме одлична репрезентација, овој тим може да се пласира на Европско“ изјави Адеми.