Дома Фудбал Останато Адвокатот на Диего Марадона сведочеше во судот: Го оставија сам и беспомошен

Адвокатот на Диего Марадона сведочеше во судот: Го оставија сам и беспомошен

Диего Марадона пред неполна година почина од срцев удар, а неговиот адвокат сега сведочеше пред судот за да се утврдат фактите околу неговата смрт.

Матијас Морла пред судот зборуваше дека никој не бил заинтересиран за здравјето на големиот Диего. Од лекарите до семејството сите го оставиле сам и беспомошен.

„На Диего му покажуваа разни куќи, на крајот заврши во некоја куќа во Тигре. Моја работа беше да ги донесам парите и тоа да се плати .Со парите кои ги имаше Диего можеше да се платат три куќи и три доктори цело време да внимаваат на него, а тој заврши во куќа каде што беше само и напуштен. Оставен беше незаштитен да се мачи и да умре“, зборуваше Морла.

Покрај главниот доктор Леополдо Луке тој ги обвини ќерките на Диего Салма и Џанина.

„Ми се јави докторот од клиниката и ми кажа дека разговарал со ќерките кои му кажале дека јас сум најголемиот проблем тој да не ја напушти болницата. Јас посочив дека е подобро Диего да се лекува во болница, ако докторите така кажале. Сигурно дека некои лекари се виновни. Открив дека се било погрешно, дека неврохирургот кој го оперирал претходно не ни бил известен за состојбата на неговиот пациент“, раскажа адвокатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо во 87. минута против Арсенал го претрча целиот терен за 12 секунди 🎥

Роналдо беше еден од најзаслужните што вчера Манчестер Јунајтед го победи Арсенал со 3:2, …