Дома Фудбал Италија Агентот откри зошто пропадна трансферот на Дибала на „Олд Трафорд“

Агентот откри зошто пропадна трансферот на Дибала на „Олд Трафорд“

0

Пауло Дибала ова лето беше на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, а иднината на Аргентинецот во Јувентус е се уште неизвесна.

Јувентус и Манчестер Јунајтед се договорија за трампа помеѓу Лукаку и Дибала, но размената пропадна бидејќи Аргентинецот не успеа да најде заеднички јазик со „црвените ѓаволи“.

Пречка за трансферот биле маркетиншките права и спонзорските договори на фудбалерот, па двете страни не успеале да постигнат договор.

„Точно е дека разговарав со клубови од Англија за потенцијален трансфер, но написите дека јас и мојот клиент сме биле проблемот за реализацијата на истиот не се точни“, изјави агентот на Дибала.

Во моментов медиумите го поврзуваат Дибала со трансфер во ПСЖ и тврдат дека токму тој може да биде замена за Нејмар.

„Засега немам закажано патување во Париз. Во овој момент Пауло мора да ужива во Јувентус, но не можам да ви потврдам дека тој ќе остане затоа што не знаеш што носи иднината“,додаде агентот на Аргентинецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мајсторија на Роналдо за Португалија! (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо игра одличен натпревар за Португалија против Литванија. Португалија има …