Дома Трансфер зона Јувентус спреми 80 милиони за Верати!

Јувентус спреми 80 милиони за Верати!

Италијанските медиуми тврдат дека интересот на Јувентус за Марко Верати е конкрентен и дека „бјанконерите“ спремиле 80 милиони евра за да го донесат плејмејкерот во Торино.

„Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска бидејќи сеуште не успеа да донесе адекватна замена за Пол Погба кој си замина минатото лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај силниот интерес за ѕвездата на Лион, Толисо, сепак италијанските медиуми тврдат дека главна трансфер цен на Јувентус ќе биде италијанскиот репрезентативец Марко Верати.

Директорот на „старата дама“, Бепе Марота наскоро ќе започне преговори со Пари Сент Жермен и ќе понуди 80 милиони евра за потписот на Верати, па дококу добие позитивен одговор ќе испрати официјална понуда.

Сепак, ПСЖ не сака да слушне за продажба на својата ѕвезда, а доколку Верати инсистира да замине од Париз догаш „светците“ ќе бараат најмалку 100 милиони евра.

Друг проблем за италијанскиот шампион е што имаат лоши односи со раководството на ПСЖ, кои воопшто не сакаат да преговараат со Јувентус, како што беше случај минатата година кога „старата дама“ го сакаше Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…