Дома Останати Ѓоковиќ: Дуелот Федерер-Надал е повеќе од тенис!

Ѓоковиќ: Дуелот Федерер-Надал е повеќе од тенис!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека тенисот добил многу со враќањето на Фоџер Федерер и Рафаел Надал во битката за Грен слемите.

Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина и со својата изјава му оддаде почит на своите колеги, потенцирајќи дека нивниот дуел е многу повеќе од обичен тенис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во играта на Федерер никогаш нема да се сомневам, особено кога е физички спремен и здрав. Тој беше надвор од терените цели шест месеци и се врати целосно подготвен за предизвикот во Мелбурн. Финалето помеѓу него и Надал е нешто посебно, многу повеќе од тенис, тоа е едно од најголемите ривалства на сите времиња“, истакна Ноле.

„Можам само да му честитам за феноменалната игра. Исто и Надал не разочара и одигра одлично, а двајцата покажаа дека се шампиони и во и надвор од теренот. Ваквото финале на стартот на новата година е голема добивка за тенисот“, заклучи Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …