Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар за јунаците од Келн: Јас ги открив, но немав моќ да ги задржам!

Червар за јунаците од Келн: Јас ги открив, но немав моќ да ги задржам!

Лино Червар кој работеше како селектор на македонската ракометна репрезентација зборуваше за неверојатниот успех кој го постигнаа ракометарите на Вардар.

„Барселона беше во мал пад во формата, но да се елиминира таква екипа никогаш не е лесно. Додека пак завршните секунди и она што го направија против дрим-тимот на ПСЖ, може да се опише само со еден збор – ЧУДО! Посебно ми е мило за тројца ракомтери, Борозан, Марсениќ и Циндриќ. Тоа се ракометари кој лично јас ги открив, но немав финансиска моќ да ги задржам бидејќи се појавија Вардар и Самсонеко“, изјави Червар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот стручњак потоа ги пофали условите во кои работи екипата на Вардар и за кои смета дека се подобри од многу европски клубови.

„Успехот на Вардар не случајност, покрај освоениот трофеј во машка конкуренција тие играа финале и во женската, тоа во никако не може да се нарече случајност. Ова година е плод на нивното вложување, тимот на Вардар има фантастични услови кои се најдобри во Европа. Нивниот противник во финалето, ПСЖ без разлика колку е богат, натпреварите ги игра во сала која некогаш беше магацин, додека Вардар игра во комплекс со неверојатни услови“, смета поранешниот селектор и тренер на Металург.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …