Дома Трансфер зона Херта заинтересирана за Ибрахимовиќ – Ова се двете причини кои ги имаат за да го убедат да дојде

Херта заинтересирана за Ибрахимовиќ – Ова се двете причини кои ги имаат за да го убедат да дојде

Во трката за доведувањето на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ се вклучи и Херта од Берлин.

Додека шведскиот репрезентативец се опоравува од повредата, се повеќе се шпекулира како Манчестер Јунајтед нема да му понуди нов договор и дека ова лето играчот ќе се замине од „Олд Трафорд“ по само една помината сезона во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каде Ибрахимовиќ, во случај на вакво сценарио би можел да ја продолжи кариерата во овој момент не е познато, а како опции се споменуваат Кина и САД. Во игра сега се вклучи и Херта, a берлинскиот клуб смисли и начин како да дојде до потписот на Ибра.

Од Херта веднаш му дадоа знаење на Ибрахимовиќ дека не можат да му дадат големи пари, но му гарантираат дека ќе го бодрат одлични навивачи. Освен тоа, Херта за него би била вистински предизвик, поради можноста по прв пат во неговата кариера да го освои трофејот во Бундеслигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…