Дома Македонски спорт Мак ракомет Уште еден шампионски трофеј за Вардар – прваците на Европа славеа и во „Јане Сандански“

Уште еден шампионски трофеј за Вардар – прваците на Европа славеа и во „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар по освоената титула во Лигата на шампионите, го одбранија и домашниот трон, освојувајќи ја 11-та титула во клупската историја.

Вардар,синоќа во Велес, го победи Борец 36:28, а потоа во својот дом, во СЦ „Јане Сандански“, пред околу 3.000 свои фанови ги прослави сите трофеи кои го освои оваа сезона: Купот и првенството на Македонија, регионалната СЕХА Гаспром лига и Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прославата Вардар ја искористи и да им се заблагодари на тренерот на голманите Симиќ и играчите Ангелов, Деревен и Душебаев кој ќе го напуштат тимот.

Сопственикот Сергеј Самсоненко во своето кусо обраќање изрази голема благодарност до играчите, стручниот штаб, клупската администрација, новинарите и навивачите за историската сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …