Дома Топ вести Трансфери во живо: Уште една ѕвезда на Јуве во Милан, Анчелоти не го дава Видал, Конте купува од Барса

Трансфери во живо: Уште една ѕвезда на Јуве во Милан, Анчелоти не го дава Видал, Конте купува од Барса

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Официјално: Јувентус го потврди доаѓањето на Федерико Бернардески на лекарски прегледи во Торино. Доколку се биде во ред, Италијанецот и официјално ќе стане играч на „старата дама“ (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Евентуалниот трансфер на Нејмар во Пари Сент Жермен веќе со денови е главна тема, а синоќа Жерар Пике објави слика на социјалните мрежи со порака „Останува“ (ОВДЕ).

-Манчестер Јунајтед се вклучи во трката по Ренато Санчез. Милан веќе започна преговори со Баерн Минхен за Португалецот, но сега во трката се вклучи и Жозе Мурињо. Манчестер Јунајтед може да ја плати сумата од 48 милиони која ја бараат Баварците, но прва мета е Немања Матиќ и ќе се фокусираат на Санчез само ако пропадне трансферот на Србинот.

– Изледа дека Рома се откажува од Ријад Марез бидејќи Лестер не сака да преговара за сума помала од 40 милиони евра. Поради тоа спортскиот директор Мончи сега ќе се фокусира на Самир Насри кој е на излезна врата од Манчестер Сити.

– Интер денес би требало да го комплетира трансферот на Матијас Весино од Фиорентина, но италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ спремаат трансфер „бомби“. Главна мета и понатаму останува Артуро Видал за кого Интер е спремен да понуди 50 милиони евра, но и Анхел Ди Марија кој со доаѓањето на Нејмар може да го загуби местото во тимот на „сцетците“.

Вирџил ван Дијк не отпатува со екипата на Саутемптин на подготовки во Франција. Ливерпул чека желено светло од Саутемптон за да започне преговори и е спремен да понуди 65 милиони евра.

– Фиорентина ова лето остана без своите најдобри фудбалери, па сега е време да се активира на трансфер пазарот. „Виолетовите“ се заинтересирани за играчот на Атлетико Мадрид, Матијас Краневитер за кого нудат 6 милиони евра, додека „јорганџиите“ бараат 2 милиони повеќе.

– Француските медиуми тврдат дека ПСЖ и Арсенал постигнале договор и дека Алексис Санчез ќе се пресели во Париз каде годишно ќе заработува 16 милиони евра (ОВДЕ).

Жозе Мурињо се подготвува да влезе во трката за фудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчез, за кого претходно голем интерес покажа екипата на Милан.(ОВДЕ)

– Според последните информации на италијански медиуми во редовите на Челзи би можел да пристигне фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева. Наводно, англискиот шампион веќе испратил понуда од 18 милиони фунти, на адреса на „нероаѕурите“. (ОВДЕ)

– Тренерот на Милан, Винченцо Монтела истакна дека до крајот на преодниот рок „росонерите“ сакаат да донесат уште три засилувања, напаѓач, крило и играч за врска (ОВДЕ)

– Јувентус не се откажува од намерата да го донесе Кеита Балде од Лацио. Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ се спремни да поннудат 15 милиони евра плус еден играч (Ринкон или Стураро).

– Управата на Барселона смета дека повеќе нема место за шпекулации кога во прашање е иднината на Нејмар. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Бразилецот во текот на денешниот ден треба да ја сооошти неговата конечна одлука. (ОВДЕ)

-Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд постигнала договор со Ајакс за младиот напаѓач Долберг кој би требало да биде замена за Обамејанг.

– Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти истакна дека не постои никаква шанса Артуро Видал да замине од клубот ова лето и покрај големиот интерес на Интер.

Антонио Касано се премисли по „стоти пат“. Само две недели откако потпиша договор со Верона денес потврди дека заминува, но ќе продолжи да игра фудбал.

– Интер му ја отвори вратата на Иван Перишиќ за трансфер во Манчестер Јунајтед, но само доколку „црвените ѓаволи“ испратат понуда која ќе ги задоволи нивните финансиски барања (ОВДЕ).

– „Скај Спорт“ пренесува дека фудбалерот Џек Вилшер, за кого Арсен Венгер откри дека нема да смета во наредната сезона, би можел кариерата да ја продолжи во турски Анталиспорт. Претходно интерес за Вилшер покажаа екипите на Вест Хем и Сампдорија.

Зидан бара замена за Мората, а на листата кандидати се наоѓаат двајца млади напаѓачи (ОВДЕ).

– Официјално: Бенџамин Менди е нов играч на Манчестер Сити, стана најскапиот лев бек во историјата на фудбалот (ОВДЕ).

-Официјално: Виљареал го договори трансферот на Пабло Форналс од Малага за 12 милиони евра. Играчот денес ќе пристигне на лекарски прегледи, а потоа ќе потпише четиригодишен договор.

-Готово: ПСЖ го донесе првото големо засилување, а станува збор за аргентинскиот стопер Хуан Фојт. Дефанзивецот беше мета на Рома и Тотенхем, но „светците“ ја победија конкуренцијата и за 9,5 милиони евра го донесоа во Париз.

Чичарито моментално е во Лондон на лекарски прегледи, а доколку се биде во ред ќе потпише 4-годишен договор со Вест Хем.

– Некои шпански медиуми пренесуваат дека Челзи испратил понуда од 40 милиони евра за Серџи Роберто (сеуште нема потврда).

– Италијанските медиуми тврдат дека Милан сака да купи уште една ѕвезда на Јувентус, а станува збор за Хуан Квадрадо. „Старата дама“ нема да се противи на продажбата, но бара 30 милиони евра, додека „росонерите“ се спремни да платат 25 милиони. Иначе Бонучи и Квадрадо имаат ист агент – Алесандро Лучи.

– Севиља испрати нова понуда до Хесус Навас кој е слободен агент. Клубот од Андалузија му понуди 2 милиони евра по сезона и се очекува позитивен одговор од крилниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…