Дома Топ вести Трансфери во живо: „БОМБАТА експлодираше“ – Мбапе „светец“, Санчез го чека Лемар, Конте „извиси“, па доведе сонародник!

Трансфери во живо: „БОМБАТА експлодираше“ – Мбапе „светец“, Санчез го чека Лемар, Конте „извиси“, па доведе сонародник!

Последен ден од трансфер пазарот во Европа. Денес ќе се реализираат голем број на трансфери, а сигурно ќе има и големи изненадувања. Поради тоа нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфер новини.

-Главна вест утрово е дека Ријад Марез го напушти кампот на алжирската репрезентација и во текот на денот треба да го комплетира трансферот, но сеуште не се знае во кој клуб (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Интер денес го доведе и последното засилување за летниот преоден рок. Станува збор за крилниот напаѓач на Каен, Јан Карамо кој веќе е во Милано на лекарски прегледи (ОВДЕ).

-Бомба на Апенините: Нани денес пристигна во Рим на медицински прегледи. Португалецот доаѓа во Лацио на едногодишна позајмица од Валенсија (ОВДЕ).

-Најчудниот трансфер ова лето. Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Ренато Санчез се пресели во Свонси. Португалецот доаѓа на едногодишна позајмица во тимот од Велс (ОВДЕ).

– Арсенал ќе се обиде во последниот ден од трансфер пазарот да го донесе на „Емирати“ Јулијан Дрекслер од ПСЖ.

-Барселона доколку не успее да го комплетира трансферот на Филипе Кутињо се претпоставува дека ќе го донесе Ријад Марез од Лестер (ОВДЕ).

-Готово: Ливерпул донесе големо засилување, од редовите на Арсенал доаѓа Алекс Окслејд – Чемберлен за 35 милиони фунти.

-Торино ја зголеми понудата за Мбаје Нианг на 16 милиони евра и верува дека ќе успее да го комплетира трансферот до денес на полноќ.

-Откако Ливерпул ја одби понудата од 28 милиони за Мамаду Сако, Кристал Палас денес ќе се насочи кон Елијаким Мангала од Мангала од Манчестер Сити за кого нудат 25 милиони евра.

-Шпанските и италијанските медиуми потврдија дека Барселона имала последен обид да го привлече Пауло Дибала и понудила неверојатни 160 милиони евра, но Јувентус ја одбил понудата (ОВДЕ).

-Доколку Дринквотер денес се пресели во Челзи, Лестер ќе го замени со ѕвездата на Спортинг Лисабон, Адриен Силва.

-Манчестер Сити не се откажува од намерата да го донесе Алексис Санчез на „Етихад“ и во текот на денот ќе испрати нова понуда до Арсенал.

-Борусија Дортмунд е спремна да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра за ѕвездата на Атлетик Билбао, Инаку Вилијамс.

-Алавес денес ќе донесе големо засилување. Станува збор за Бојан Кркиќ кој доаѓа на едногодишна позајмица од Стоук.

-Наполи понуди 30 милиони евра за играчот на Барселона, Денис Суарез. Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците ја прифатиле понудата, но фудбалерот одбил да се пресели во Наполи.

-Пресврт: Тотенхем е на добар пат да го „украде“ Фернандо Љоренте пред носот на Челзи. Свонси ја прифати понудата на „Спарси“ од 15 милиони фунти, па Баскиецот е пред потпис во Тотенхем.

-Македонскиот шампион Вардар денес го потврди трансферот на рускиот напаѓач Максим Максимов, кој доаѓа од литванскиот клуб Тракаи.

-Шпанскиот медиум „Дарио Гол“ пренесува дека Манчестер Јунајтед понудил 50 милиони фунти за Марко Асенсио, но Реал експресно ја одбил понудата.

-Напаѓачот на Арсенал, Лукас Перез е многу блиску до враќање во Примера и трансфер во Депортиво Ла Коруња.

-Десниот бек на Барселона, Даглас утрово пристигна во Лисабон за да го комплетира трансферот во Бенфика, пренесува „А Бола“.

– Торино и Милан постигнаа договор, Мбаје Нианг се сели во редовите на „биковите“ за сума од 20 милиони евра.(ОВДЕ)

– Челзи конечно успеа да доведе ново засилување, откако пропадна трансферот на Фернандо Љоренте, се очекува на „Стенфрод Бриџ“ да пристигне фудбалерот на Торино, Давиде Запакоста. Англискиот гигант за услугите на овој фудбалер на Торино ќе му исплати 25 милиони евра. (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд до крајот на денот ќе се обиде да го реализра трансферот на фудбалерот на Ателтик Билбао, Ињаки Вилијамс, за кого подготвија понуда од 50 милиони евра. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го потврди трансферот на Килијан Мбапе, фудбалерот пристигнува во Париз за сума од 135 милиони евра и плус 35 како бонуси.(ОВДЕ)

Ријад Марез и Фелипе Кутињо, се очекува до крајот на денот да бидат промовирани како нови фудбалери на Барселона. Наводно, Алжирецот веќе пристигнал во Каталонија. (ОВДЕ)

– Официјално: Габриел Барбоса – Габигол, кариерата ја продолжува во екипата на Бенфика. Португалскиот клуб го доведува Бразилецот на позајмица за 2.5 милиони евра со право на откуп идното лето за сума од 25 милиони евра, покрај тоа Бенфика ќе исплаќа и 60% од платата на фудбалерот.

Официјално: Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, преминува е нов фудбалер на германски Волфсбург.

– Последните информации кои пристигнуваат од Англија говорат, дека Манчестер Сити и Арсенал се договориле за трансфер на Алексис Санчез, а како замена за Чилеанецот пристигнува Тома Лемар од Монако за сума од 97 милиони евра, додека Арсенал за услугите на Санчез од „граѓаните“ би добил сума од 60 милиони евра. (ОВДЕ)

– Рома го испрати младиот напаѓач Марко Туминело на едногодишна позајмица во Кротоне.

– Нови информации во врска со судбината на Санчез. Наводно Чилеанецот на своите соиграч им открил дека преминува во Манчестер Сити. Во секој момент се очекува да пристигне и потврда…

– Официјално: Повремениот репрезентативец на Италија, Алесандро Дијаманти го раскина договорот со екипата на Палермо.

– Официјално: Ласина Траоре од Монако преминува во  тимот на Аимен на едногодишна позајмица.

– Потврдено: Олимпик Марсеј и Бенфика постигнаа договор, Костас Митроглу се сели во Франција.

– Екипата на Бирмингем се обидува во финишот од преодниот рок да го доведе фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер на едногодишна позајмица.

– Наводно, Барселона го понудила Андре Гомеш на Вест Хем на позајмица до крајот на сезоната. Но, „чеканите“ го чекаат развојот на ситуацијата со Вилијам Карваљо, додека Гомеш е втора опција.

– Официјално: Борусија Дортмунд го доведе Џејдон Санчо за сума од осум милиони евра.

– Потврдено: Талентираниот напаѓач на Јувентус Моис Кин се сели на едногодишна позајмица во екипата на Верона.

– Нова опција, за Андре Гомеш. Наводно „петлите“ се откажуваат од услугите на Рос Баркли и тргнуваат по Португалецот од редовите на шпанскиот гиганат.

– Искусниот напаѓач Панајотис Коне се врати во редовите на грчки АЕК каде што настапуваше пред девет години, тој пристигна како позајмен фудбалер од редовите на Удинезе.

– Бенфик напорно работи во последниот ден од преодниот рок, португалските медиуми пренесуваат дека отвориле преговори со Атлетико Мадрид, за враќање на Николас Гаитан во Лисабон.

– Интер ќе се обиде да го врати на позајмица дефанзивецот Роландо кој веќе настапуваше во дресот на „нероаѕурите“. Роландо во овој момент настапува за тимот на Марсеј и се чека одлуката на тренерот на францускиот клуб, Руди Гарсија.

– Трансферот на Тома Лемар во редовите на Арсенал изгледа дека пропаѓа, фудбалерот сеуште не се огласил, иако клубовите постигнаа договор за сума од 100 милиони евра, тоа се и лоши вести за Пеп Гвардиола, кој после ова тешко дека ќе дојде до Алексис Санчез. Не е јасно дали Ливерпул е сеуште во игра, со кого играчот постигна договор, но „црвените“ не постигнаа договор со Монако. (ОВДЕ)

– Постигнат договор: Андре Гомеш се сели во Премиер лигата каде што ќе настапува во редовите на Тотенхем како позајмен фудбалер (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…