Дома Топ вести УТРИНСКА БОМБА: Барса понудила 160 милиони евра за Паоло Дибала?

УТРИНСКА БОМБА: Барса понудила 160 милиони евра за Паоло Дибала?

Каталонците немаат повеќе време за чекање, дојде и последениот ден од преодниот рок.

Италијанскиот „Кориере Дело Спорт“ утрово пренесува шокатна информација.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наводно, екиапта на Барселона испратила понуда од 160 милиони евра за услугите на фантастичниот напаѓач на Јувентус, Паоло Дибала.

Откако Ливерпул останува цврст на ставот дека Кутињо не може да замине, каталонците мораат да бараат алтернативи, а како една од нив се споменува и Паоло Дибала.

„Кориере Дело Спорт“ како што споменавме пишува дека понудата за Аргентинеот изнесувала 160 милиони евра, додека некои медиуми најавуваа дека се работи за 115 милиони евра веднаш и 45 преку бонуси, како и да е огромна сума е во прашање.

Дибала во редовите на Јувентус пристигна пред две години од Палермо за сума од 40 милиони евра, Аргентинецот игра се подобро и подобро, а неодамна ја доби и легендарната „десетка“, тешко е да се верува дека Јувентус ќе прифати да го продаде и тоа во последниот преоден рок, но сепак да видиме што ќе се случи до крајот на денот.

Едно е јасно, Барселона е тимот на кој што му „гори под нозе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Дарко Панчев и Олмета, Дарко Панчев…“ – 33 години од историскиот пенал за Црвена Звезда во Бари

На денешен ден пред 33 години Црвена Звезда го направи својот најголем успех во историјата…