Дома Фудбал Англија Тоа е Мурињо, излезе на прес со иницијалите на Раниери и заклучи: Треба стадионот да го именуваат по него!

Тоа е Мурињо, излезе на прес со иницијалите на Раниери и заклучи: Треба стадионот да го именуваат по него!

Денес фудбалскиот свет, а особено менаџерите од Премиер лигата се солидализираат со Клаудио Раниери, кој на големо изненадување доби отказ од Лестер.

Само десет месеци откако го направи најголемото „фудбалско чудо“ Раниери доби отказ од раководството, а интересно Италијанецот најгомата поддршка ја доби токму од Жозе Мурињо со кого не беше во добри односи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Специјалниот“ најпрво му посвети на Раниери емотивен статус на социјалните мрежи, а потоа на пресконференција излезе во маичка со неговите иницијали и заклучи дека Лестер требало стадионот да го именува по името на италијанскиот менаџер.

„Неговите иницијали на мојата маица се само мал знак на поддршка за оној што ја испиша најубавата приказна во историјата на Премиер лигата. Мислам дека заслужува стадионот на Лестер да се вика Клаудио Раниери“, изјави Муроњо, а потоа направи споредба со неговиот отказ од Челзи.

„Јас мислев дека мене минатата сезона ми беше нанесена неправда, но сфатив дека тоа е ’гола вода’ во споредба на ова што сега му се случи на Клаудио“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…