Дома Македонски спорт Мак ракомет Стразбур на македонски јазик ја претстави Гакидова

Стразбур на македонски јазик ја претстави Гакидова

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова кариерара ќе ја продолжи во Франција и од следната сезона ќе го носи дресот на Стразбур.

Гакидова дресот на Молде го замени со тој на Стразбур, клуб кој се натпреварува во третата француска лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната ракометарка на Вардар денес официјално беше претставена во Стразбур, а клубот на македонски јазик и посака добредојде.

„Ја сакам Франција како земја, тука се инвестира многу во ракометот. Сакам нови предизвици и секогаш сум позитивно настроена за нови проекти. Управата на Стразбур ми кажа дека подготвува голем проект за во иднина, тоа е првата причина зошто дојдов тука. Сакам да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели и да бидам успешна. За македонската репрезентација играм од 2013 година“, изјави Гакидова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …