Дома Фудбал Останато Роналдо е најплатен спортист во светот – еве колку заработува месечно!

Роналдо е најплатен спортист во светот – еве колку заработува месечно!

Кристиано Роналдо и втора година по ред е најплатен сортист во светот, според „Форбс“. Лионел Меси го загуби второто место, а меѓу Топ 50 спортисти има само пет фудбалери.

Ѕвездата на Реал Мадрид минатата година заработил 93 милиони долари, од кои 58 милиони преку плати и премии. Тоа значи дека на Роналдо секој месец на сметката му легнуваат скоро 8 милиони долари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш позади него е ѕвездата на НБА лигата Леброн Џејмс со годишна заработика од 86,2 милиони долари, па следува Лионел Меси со 80 милиони додека Топ 5 го комплетираат Роџер Федерер и Кевин Дурант. Оваа петорка е истата како и минатата година, само Меси и Леброн ги заменија местата.

Во Топ 50 имаше место само за уште тројца фудбалери, на 18-то место е Нејмар, на 24-то Герет Бејл, а за Златан Ибрахимовиќ се наоѓа на 30-то место според годишната заработка.

Роналдо сигурно ќе го задрќи врвот уште некое време откако осигура нов договор со Реал во наредните четири година. Сепак, Меси со новиот договор од Барселона сигурно значително ќе му се приближи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…