Дома Топ вести Раиола добива отказ, а Милан напад од соништата!?

Раиола добива отказ, а Милан напад од соништата!?

Добри вести за „росонерите“, ситуацијата се сврти во нивна корист, а во текот на вчерашниот ден го добија и „дербито“ со Интер!.

Мино Раиола ќе мора или да се откаже или ќе добие отказ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, медиумите во Италија пренесуваат дека вмешувањето на семејството на Донарума во целата ситуација било клучно. Раиола го испратил својот брат Енцо да поразговара со голманот кој во овој момент е со репрезентацијата на Италија до 21 година на Европското првенство во Полска.

Милан одигра на картата „таткото на Донарума“ кој разговараше со Монтела. Неговото семејство е загрижено поради ситуацијата би сакале Џиџо да остане во Милано. Во овој момент изгледа дека Раиола остана осамен во одлуката да го одведе младиот голман оваа или следната година, најверојатно во Реал Мадрид.

Се шпекулура дека доколку инсистира и не сака да преговара со Милан може да добие отказ, како менаџер. Таква ситуација му се случи со Марек Хамшик кога не успеа да го убеди да премине од Наполи во Милан.

Од друга страна Милан измината ноќ изгледа ја заврши работата со Калиниќ. Наводно фудбалерот на Фиорентина ги прифатил условите на „росонерите“ и нема да преговара со Интер.

Тој и Андреа Силва би биле одличен напаѓачки тандем, Фиорентина сеуште не се согласила, но се верува дека понудата од 30 милиони или Јурај Куцка и 20 милиони евра би биле доволни да ги убедат „виолетовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…