Дома Трансфер зона Перез потврди: Го сакаме Донарума!

Перез потврди: Го сакаме Донарума!

Флорентино Перез вчера го започна новиот мандат на претседателската функција во Реал Мадрид. Вкупно 17 години е на чело на „кралскиот“ клуб и за тоа време го направи најтрофеен и најмоќен клуб на светот.

По тој повод Флорентино Перез одговараше на разни новинарски прашања за сите актуелни теми, па меѓу другото призна дека Реал Мадрид го следи младиот голман Џанлуиџи Донарума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми претходните денови тврдеа дека позади одлуката на Донарума да не го продолжи договорот со Милан стои токму Реал Мадрид.

„Јасно е дека Донарума е еден од најперспективните голмани на светот. Сите велат дека е неверојатен голман и дека ќе биде наследник на Буфон. Нормално дека го следиме, но во моменто не можам да откривам детали“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…