Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Лигата на шампиони станува затворен систем!

Официјално: Лигата на шампиони станува затворен систем!

УЕФА ги потврди промените во системот на најелитното европско натпреварување, кои ќе стапат на сила од сезоната 2018/19. Според новите правила практично се затвара вратата на клубовите од помалку реномираните земји.

Клубовите од четирите најсилни лиги односно Примера, Премиер лигата, Бундес лигата и Серија А ќе имаат по четири тима и сите директно ќе играат во Лигата на шампиони.
Од оваа промена најмногу ќе профитираат Италијанците кои ќе го повратат едното место кое го загубија пред неколку години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директен пласман во фазата по групи ќе обезбедат уште по двете првопласирани од Франција и Русија, како и шампионот на Португалија, Турција, Белгија и Украина, додека квалификации ќе играат вицешампионите од овие земји, како и третопласираните од Лига 1 и Руската лига.

Со тоа на старт ќе се потполнат 24 места, па остануваат само 8 кои ќе се добијат преку квалификации. Со тоа јасно е дека Лигата на шампиони полека станува затворено натпреварување, нешто слично како Евролигата во кошарка, каде тешко ќе може да се пласираат клубови од помалку реномираните земји.

Шампионите од Балканот како Црвена Звезда, Динамо Загреб, Вардар, Лудогорец….сега ќе имаат пеколно тежок пат за да дојдат до групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…