Дома Трансфер зона Не е добар, но е брат на Џиџо – Милан го доведува постариот Донарума!?

Не е добар, но е брат на Џиџо – Милан го доведува постариот Донарума!?

„Росонерите“ ќе направат се за да го задржат 18 годишниот голман.

Ситуацијата полека се смирува. Сеуште не се знае кој ќе изгуби Милан или Раиола, бидејќи како што изминува времето станува јасно дека Џанлуиџи Донарума не може да изгуби. Или ќе заврши во некој уште поголем клуб или ќе се смири со „росонерите“ и ќе стане легенда на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан прави се за да го задржи, а сега младиот голман доби интересен предлог што сигурно нема да го добие никаде на друго место.

Извршниот директор на италијанскиот клуб Марко Фасоне, покрај платата од пет милиони евра по сезона на Донарума му понудил и неговиот постар брат Анониј кој исто така е голман да дојде во Милан.

Антониј не е толку добар, има 27 години и брани за Астерас. Сега тој би можел, по заслуга на неговиот брат да направи огромен чекор во неговата кариера.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…