Дома Фудбал Англија Насри: Гвардиола ни забрани секс после полноќ!

Насри: Гвардиола ни забрани секс после полноќ!

Поранешниот француски репрезентативец, Самир Насри во интервју за „Екип“ откри детали од кратката соработка која ја имаше со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Насри, во интервјуто, открива дека Гвардиола на фудбалерите им забранил да имаат секс после полноќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп смета дека спиењето е многу важно, дури и ако наредниот ден сте слободни. Инсистира играчите сексуални односи да имаат пред полноќ. Тој ни откри дена на таков начин секогаш го извлекувал најдоброто од Меси и Левандовски. Рече дека со воведувањето на правилото, мускулите на Меси станале поотпорни на повреди, а самиот Меси физички посилен“, изјави Насри.

Французинот откри дека Гвардиола не се согласувал со неговото заминување во Севиља, но и дека не можел да му гарантира место во првиот тим.

„Бев изненаден од многу работи. Веќе на првиот тренинг знаевме што треба да работиме и како да играме без топка. Наредниот ден добивме видео снимки од она што треба да го направиме“, објаснува Насри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…