Дома Фудбал Германија Лајпциг нема да може да игра во Лига на шампиони!?

Лајпциг нема да може да игра во Лига на шампиони!?

Бундеслигашката сензација, екипата на Лајпциг на добар пат е да избори директен пласман во Лигата на шампионите, но иако тимот тоа може да го избори со своите игри на теренот, УЕФА нема да му дозволи да игра во елитното натпреварување.

Наместо бајка фудбалерите на Лајпциг најверојатно ќе доживеат кошмар, откако УЕФА испрати соопштение дека нема да дозволи два клуба со ист сопственик да играат во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Лајпциг е во сопственост на Ред Бул, компанија која го поседува и австрискиот клуб Салзбург.

„Salzburger Nachtrichten“ пишува дека УЕФА ги известила клубовите за правилата кои ги применува, додека германскиот „Sport 1“ пренесе дека сосптвеникот ќе го избере Салзбург да игра во најсилното европско натпреварување бидејќи има подобар пласман во националното првенство и има подобар европски коефициент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…