Дома Фудбал Англија Кој ќе го наследи Раниери на жешкото столче?

Кој ќе го наследи Раниери на жешкото столче?

Лестер синоќа на општо изненадување му врачи отказ на Клаудио Раниери и покрај тоа што италијанскиот стратег минатата сезона ги предводеше до сензационалниот трофеј од Премиерлигата.

И додека фудбалскиот свет и неговите колеги се шокирани од одлуката на раководството на „лисиците“, медиумите веќе лецитираат со имињата кои би можеле да го наследат Италијанецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прв фаворит на сопствениците на клубот е Роберто Манчини кој во моментов е без ангажман, откако на почетокот од сезоната замина од Интер, па неговото име често се поврзува со враќање во Премиерлигата.

Манчини во 2001 година како фудбалер помина краток период на позајмица во Лестер, а во 2012 година со Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата.

Втор на листата е Алан Пардју кој во декември доби отказ од кормилото на Кристал Палас, а на списокот се уште екс тренерот на Ајакс и Интер, Франк де Бур како и Мартин Онил кој во минатото беше менаџер на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…