Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп презадоволен: Фантастично е да се биде дел од испишувањето на историјата

Клоп презадоволен: Фантастично е да се биде дел од испишувањето на историјата

klop

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е убаво да се учествува во пишувањето историја.

Германецот беше презадоволен откако неговата екипа го победи Марибор со 7:0 во Лигата на шампионите и оствари рекордна победа на гостински терен во европските натпреварувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул вчера во Словенија го совлада Марибор со 7:0 во натпревар од третото коло во групата „Е“ од Лигата на шампионите. Двојни стрелци беа Роберто Фирмино и Мохамед Салах, а по еден гол постигнаа Фелипе Кутињо, Алекс Окслејд Чемберлејн и Трент Александар Арнолд.

Тоа беше најубедлива победа на еден англиски клуб на гостување во европските натпреварувања. До сега рекордот го држеа Лидс и Манчестер Јунајтед со победи од по 6:0. Лидс во октомври 1969 година го победи норвешки Лин, а Манчестер Јунајтед беше убедлив против Шамрок во септември 1957 година.

„После натпреварот ми кажаа за рекордот, не знаев за тоа. Големата историја понекогаш знае да биде и терет, но убаво што успеавме да испишеме дел од историјата. Ќе биде тешко некој да го собори овој рекорд. Прилично е тешко да победите со 7:0, а тој резултат е доказ дека одигравме неверојатно добро. Оваа победа на екипата ќе и донесе голема самодоверба“, изјави Клоп за британските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…