Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка.
Се позвуаше Ливерпул со разни имиња, а изгледа сега навистина се блиску да го потврдат наследникот на Јирген Клоп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чаби Алонсо одлучи да остане во Леверкузен, Аморим иако изгледаше како завршена работа изгледа договорот пропадна, а сериозни преговори со Роберто Де Зерби засега немало…Токму затоа како што стојат работите нов тренер на „црвените“ изгледа ќе биде Арне Слот.
45-годишниот стратег кој го води Феенорд од клупата е во преговори со Ливерпул и тие одат во добра насока, објавија денеска островските медиуми.
Слот е многу заинтересиран да ја преземе улогата што му се нуди и сега се преговара околу условите. Во секој случај, брзо би требало двете страни да пронајдат заеднички јазик.
Договорот на Слот со Феенорд истекува во 2026 година, а според најавите откупната клазула која ќе треба Ливерпул да ја плати е помеѓу 10 и 15 милиони евра.