Дома Трансфер зона Зошто да не остане? Монако на Мбапе му нуди девет пати поголема плата!

Зошто да не остане? Монако на Мбапе му нуди девет пати поголема плата!

Можеби сме блиску до расплетот, а тоа решение веројатно би било и најдобро за младиот фудбалер.

Килијан Мбапе е еден од играчите кои Се во центарот на вниманието ова лето. Го сакаат сите, многумина сметаат дека е рано, но Зидан го убедува дека ќе добие шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите шпекулираат дека Бејл и Бензема мораат да заминат за Мбапе да биде сигурен дека ќе игра, а таков расплет е малку веројатен. На големо се зборува за цените, а Монако би требало да прифатина сума десетина милиони поголема од светскиот рекорд.

Тоа е сума од околу 150 милиони евра, но младиот играч и самиот не е сигурен. Имено, тој верува дека е подобро да остане во Монако за да се избори за место во стартниот тим на репрезентацијата на Франција за Мундијалот кој се игра наредната година.

Постои и опција Реал да го купи и да го остави во Монако, но на Жардим тоа не му се допаѓа, бидејќи смета дека така Мбапе со мислите би бил на друго место.

Ако остане во Монако, Мбапе би заработувал многу повеќе со новиот договор.

Имено, неговата плата би била девет пати поголема од сегашната. Младиот играч во овој момент заработува 80.000 евра месечно, а според новиот договор Мбапе би добивал 8.5 милиони евра годишно и заедно со Фалкао би бил најплатен во екипата.

Тоа би значело продолжување на соработката до 2022, додека сегашниот има важност до 2019. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…