Дома Фудбал Англија Емотивна порака на Раниери: Мојот сон умре!

Емотивна порака на Раниери: Мојот сон умре!

Раководството на Лестер денесе шокантна одлука и му врачи отказ на тренерот Клаудио Раниери, иако Италијанецот пред десет месеци му ја донесе историската титула на клубот.

Италијанскиот стратег, кој доби поддршка од целиот фудбалски свет, на многу емотивен начин се прости од клубот и навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Вчера умре мојот сон. По еуфоријата од минатата сезона, кога ја освоивме титулата во Премиерлигата, сонував само да останам во Лестер, клуб кој неизмерно го сакам, засекогаш. За жал тоа нема да се случи.

Би сакал да и се заблагодарам на мојата жена Росана и на сите членови на моето семејство, чија поддршка секогаш ја имав додека бев на клупата на Лестер. Благодарност и до моите помошници, Паоло и Андреа, кои ме пратеа на ова волшебно патување. Исто така им благодарам на Стив Кутнер и Франк Гранел кои ми овозможија да станам шампион.

Сепак најголема благодарност упатувам до Лестер Сити. Авантурата која ја преживеавме беше неверојатна и засекогаш ќе живее со мене. Им благодарам и на сите новинари, на медиумите ширум светот, кои не следеа на нашиот пат и со задоволство ја пренесуваа најголемата фудбалска приказна во историјата.

Од се срце уште еднаш ќе им се заблагодарам на сите во клубот, на играчите, персоналот и насите кои беа дел од она што постигнавме. Посебна благодарност и за наваивачите. Ми примивте во своите срца од првиот ден и ме засакавте. Ве сакам и јас вас. Никој никогаш нема да може да ни го одземе она што заедно го постигнавме и се надевам дека секој ден со насмевка се сеќавате на тоа, како што јас тоа го правам.

Беше тоа време исполнето со преубави моменти и среќа кои никогаш нема да ги заборавам. Ми беше чест и задоволство заедно со вас да бидам шампион“, напиша во отвореното писмо Клаудио Раниери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…