Дома Топ вести Де Јонг на Инстаграм откри „БОМБА“: Рикардо Кака пред СПЕКТАКУЛАРНО враќање во Милан!? (ФОТО)

Де Јонг на Инстаграм откри „БОМБА“: Рикардо Кака пред СПЕКТАКУЛАРНО враќање во Милан!? (ФОТО)

Се зависи од „росонерите“, пренесуваат бразилските медиуми.

Едно е сигурно, Кака се збогуваше со Орландо. Кој ќе биде неговиот следен потег, никој не знае, а во овој момент има три опции. Првата е да ја заврши кариерата, втората да се врати во Сао Поло, додека третата би била навистина гламурозна и бомбастична – враќање во Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено како што пренесуваат бразилските медиуми, Кака би сакал да игра уште шест месеци во дресот на саканиот клуб, пред да седне во „фотељата“ на гигантот од Милано.

Марко Фасоне наводно ја разгледува опцијата за доведување на Кака, а допонително ја атмосферата ја „подгреа“ Најџел Де Јонг кој остави коментар на една од сликите на Кака.

„Најдобар си! Честитки на блиската иднина“, и сето тоа со два круга во боите на Милан.

Доколку дојде до соработка, Кака ќе го облече дресот на Милан по трет пат. До сега за клубот од Милано настапуваше од 2003 до 2009 година и во сезоната 2013/2014. Бразилецот за „росонерите“ одигра 307 натпревари и постигна 104 погодоци и освојуваше титули во Серија А, италијанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Секако, Кака во овој момент не е како во најдобрите денови, но доколку се врати во Милан тоа би била вистинска трансфер бомба, а тоа најдобро го знаат навивачите на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…