Eкипата на Милан зад себе има сезона која е под очекувањата на навивачите, па поради тоа тренерот Стефано Пиоли најверојатно ќе го напушти кормилото на италијанскиот гигант.
„Росонерите“ се во потрага по негова замена, а како што стојат работите важна улога во изборот на наследникот на Пиоли ќе има Златан Ибрахимовиќ.
Се споменуваа повеќе имиња, но според најавите Ибрахимовиќ работи на тоа нов тренер на Милан да биде неговиот поранешен соиграч и пријател, Марк Ван Бомел.
Во овој момент Ван Бомел го води тимот на АНтверпен во Белгија со кој во минатата сезона успеа сензационално да ја освои титулата во домашното првенство.