Дома Трансфер зона Голманот на Спортинг за 15 милиони се сели во…

Голманот на Спортинг за 15 милиони се сели во…

Ако некој има добри информации за фудбалските трансфери, тоа сигурно е Радио Монте Карло, кои секогаш баратаат со доверливи информации. Најновата се однесува на голманот на Спортинг од Лисабон и португалски репрезентативец, Руи Патрисио.

За искусниот голман се интересира лондонски Арсенал, а според наводите од радиото, Арсен Венгер е подготовен на Лавовите да им понуди дури 15 милиони евра за Патрисио.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проблемот, меѓутоа, е што лондонскиот тим не е единствениот кој го бара 29-годишниот чувар на мрежата, а прашање е дали Спортинг е спремен да го продаде ова лето. Тоа, пак, не ги обесхрабрува Топџиите, кои веќе пратија иницијална понуда за чуварот на мрежата кој со Спортинг има договор до летото 2022 година.

Руи Патрисио минатото лето беше најдобар голман на Европското првенство во Франција, на кое Португалија ја освои шампионската титула, а покрај Арсенал, за него сериозно е загреан и Олимпик од Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…