Дома Македонски спорт Глигоров: Со тимска игра можеме да стигнеме до добар резултат

Глигоров: Со тимска игра можеме да стигнеме до добар резултат

Вардар во четврток го игра натпреварот од третото коло во Лигата на Европа против Реал Сосиедад, а денес по повод овој натпревар во тренинг кампот на Вардар фудбалерите ги искажаа своите очекувања.

Фудбалерот од средината на македонскиот шампион истакна дека очекува тимска игра и добар резултат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со тимска игра се надевам дека ќе успееме да стигне до она што го посакуваме. Ние во нашиот состав ненаме идивидуалци како останатите европски екипи, токму затоа како што кажав тимската е игра е она што треба да не краси“, изјави Глигоров.

Фудбалерот на Вардар потоа беше запрашан за натпреварот против Шкендија во домашното првенство.

„Против Шкендија покажавме две лица, во првото полувреме одигравме навистина лошо, но за наша среќа потоа успеавме да го свртиме резултат против еден исклучително силен тим. Сепак, против екипа како Сосиедад е навистина тешко да ја наметнете својата игра, но ние ќе се обидеме, невозможно е да се браните 90 минути“, зборуваше Глигоров.

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …