Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а особено навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени Германецот на клупата на „Црвените“, кога на крајот од сезоната ќе го реализира ветувањето и ќе се повлече од клубот од Енфилд, но и од англискиот фудбал воопшто.
Во медиумите се појавија информации дека Ливерпул веќе го договорил 45-годишниот тренер на Феенорд, Слот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според Клоп Холанѓанецот би бил добро решение на клупата на повеќекратниот европски првак, кому му ја врати континенталната круна и го одведе до долгоочекуваната титула шампион во Премиер лигата.
Само да бидам јасен, не сум вклучен во процесот на избор на нов тренер. Сепак, многу ми се допаѓа ако Слот е тој. Тој сака да ја преземе работата. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал.
Некои луѓе што ги познавам го познаваат и немаат ништо друго освен пофалби за него, што многу ми се допаѓа. Среќен сум за клубот ако тој е решението. Не е мое да ги судам овие работи, но сè звучи многу добро – рече Клоп и за него да се биде менаџер на Ливерпул е „најдобрата работа на светот“.