Без разлика на позициите на табелата, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар секогаш ќе привлекува посебно внимание и ќе се смета за дерби. Во денешното во Тетово во рамките од 21. коло Шкендија ја оправда фаворитската улога и славеше победа со 3:0.
Натпреварот домаќините го решија во првото полувреме кога во период од пет минути Чинари постигна два гола. Мрежата на Гачевски прво се тресеше во 34. минута, па во 39. Претходно Тотре не реализираше најстрога казна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Дита ги постави конечните 3:0. Имаше Вардар свои шанси, посебно преку Марјан Ристовски, меѓутоа реализацијата изостана.
На табелата Шкендија со ови три бода се изедначува со Струга (42) која денес ремизираше против Силекс без голови 0:0. Вардар е 10. во опасната зона со 21 бода, три помалку од Воска Спорт.
Ривалот на вардарци во битката за опстанок Воска Спорт денеска со 1:2 беше подобар од Македонија Ѓорче Петров на гостински терен. Шкупи кој е лидер на табелата со бод повеќе од Струга и Шкендија одигра без погодоци против Тиквеш.
Амбициозниот Гостивар на свој терен со 2:0 дојде до триумф против струмичка Брера. Во првиот натпревар на Арената „Тодор Проески“ по реновирањето на тревникот Работнички со 2:0 ја совлада Брегалница.
ПМФЛ 21. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:
Гостивар – Брера 2:0
Македонија Ѓорче Петров – Воска Спорт 1:2
Работнички – Брегалница 2:0
Шкендија – Вардар 3:0
Шкупи – Тиквеш 0:0
Силекс – Струга 0:0